ТОП-АРАНЖМАН ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ 2019: PОДОПСКА БУГАРИЈА (ПАМПОРОВО И ОКОЛИНАТА)

ПРВ ДЕН, петок, 26 април 2019: Поаѓање од Штип и од Скопје во 2 часот по полноќ. Возење преку граничниот премин Деве Баир и продолжување на патот преку Софија со повремени паузи по мотелите. (На една од паузите заеднички појадок, свеж штипски бурек во организација на агенцијата). Пристигнување во Пловдив околу 9 часот и можност за 3-часовна слободна индивидуална прошетка по Стариот град и Центарот. Заминување од Пловдив
околу Пладне и патот води кон југ, кон Родопскиот планински масив (Пампорово). Попатна едночасовна посета на
Бачковскиот манастир (втор по големина и по важност во Р.Бугарија) на 30 км од Пловдив. Околу 16 ч. пристигнување на градчето Чепеларе (10 км пред Светски познатиот зимски и планински центар Пампорово), сместување во хотел (студија и апартмани)***, одмор од патот, слободна вечер за забава во некоја од многубројните локални традиционални меани во Чепеларе  или во блиското Пампорово. Ноќевање.

ВТОР ДЕН, сабота, 27.апр.2019: Слободен ден за индивидуални прошетки по Пампорово. (Можност за посета на врвот Снежанка како и импресивната телекомуникациска истоимена кула, со извонреден панорамски ресторан на врвот, од каде што во ведро време се гледа до Егејското море, (80 км воздушна линија), Астрономската опсерваторија – телескоп Рожен… и други многубројни знаменитости што го красат Пампорово. Слободна вечер. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН недела, 28.апр.2019: Слободен ден со можност за ФАКУЛТАТИВЕН излет до две многу значајни и интересни места во Родопскиот планински масив: Манастирот „Крстова гора“ , едно од најкултните Христијански светилишта на Балканот за кое преданијата говорат дека овде е закопано парче од Исусовиот крст  и  месноста „Чудните мостови“, единствен прирорен феномен со природни мостови од карпи над извонредно бистра и бујна планинска река… Слободно попладне, слободна вечер. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 29.апр.2019: Напуштање на хотелот и поаѓање кон дома. Патување во правец на југ-југозапад со попатни посети на Триградската пештера (т.н. Ѓаволско ждрело) и Јагодинска пештера, две извонредни и единствени природни убавини. Пристапот до овие места е единствено доживување, со многу серпентини, кањони и камени и дрвени мостчиња. Околу пладне, попатна посета на живописното градче Девин, а потоа патот води преку Доспат покрај истоименото вештачко езеро, градовите  Гоце Делчев и Банско, преку Благоевград кон граничниот премин Делчево. Пристигнување Штип и Скопје во доцните вечерни часови…

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА