ANDRE RIEU
СОФИЈА, Арена Армеец 28.11.2020

ПРОГРАМА

Поаѓање со современ туристички автобус од Скопје (паркинг кај Хотел ВИП, наспроти сајмиште) и од Штип (Нова пошта) во сабота, 28.11.2020 во 8 часот наутро. Возење преку Граничниот премин  Крива Паланка или Делчево кон Софија со повремени паузи по мотелите.

Пристигнување во Софија околу рано попладне. Паркирање во близина на Арената Армеец, каде што ќе се одржи настанот: концерт на мегаѕвездата Андре Рои и неговиот 60-член Јохан Штраус оркестар во рамките на неговата светска турнеја 2020.

Слободно време по сопствен избор до почетокот на концертот. (Во непосредна близина на салата има неколку трговски центри – молови, такси, автобуска и метро станица поврзани со секој дел од Софија). Во меѓувреме автобусот ќе биде отворен во неколку однапред договорени термини за потреби на групата.

Почеток на настанот во 20 часот (по локално време).

Собирање на групата по завршувањето на концертот и  заминување кон дома по истиот пат.

Пристигнување дома во раните утрински часови, недела 29.11.2020

Цените и условите од програмата важат при минимум од 15 патници.

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА