Будимпешта – Велигден 2016

[Best_Wordpress_Gallery id="2" gal_title="budapest"]

ПРОГРАМА

  • ПРВ ДЕН, четврток, 28.04.2016

    Поаѓање на однапред договорените зборни места во Штип (16ч) Скопје (18.30) и Куманово во 19.30 часот преку граничниот премин Табановце и ноќно возење преку Србија со попатни контролни паузи на Мотел Предејане, Бензинска станица ОМБ пред Белград и Бензинска пумпа пред граничниот премин Хоргош, граничниот премин на Српско-Унгарската граница. Продолжување на патот кон Будимпешта со пауза на бензинска ОМВ на 65 км пред Будимпешта.
  • ВТОР ДЕН, петок 29.04.2016

    Пристигнување во Будимпешта околу 10 часот наутро... Слободно време во центарот на градот (промена на пари, (1 евро = 310 форинти), појадок, прошетка, релаксација од патот)... Сместување во хотелот (***) во 13.30 часот.. одмор до 17.30.. заеднички излез во разглед на знаменитостите: Стар Будим со Кралската палата, Тврдината Цитадела, Градскиот парк со плоштадот на хероите и Споменикот на милениумот... Слободна вечер со можност за заеднички излез во некое многуте места за забава во Центарот ... ноќевање
  • ТРЕТ ДЕН, сабота, 30.04.2016

    Појадок во хотелот. Заедничка посета га гратчето Сент Ендре (15 км од хотелот), потоа преминување во Центарот на Будимпешта (улица Ваци и Ракоци), прошетка по кејот на Дунав, разгледување на мостовите Ержебет, Ланцин и Маргаритин... Можност за разделување на групата по сопствени вкусови, на пример кон Градскиот парк со посета на Зоолешката градина и забавниот луна парк .. или кон Маргаритиниот остров, познато рекреативно место на градот со евентуална посета на термалниот Спа центар на отворено... поладне од 18 до 19.30 можност за прошетка со брод по Дунав (факултативно, цена 15 евра по лице) ... во вечерните часови прошетка по центарот, можност за заедничка посета на национален ресторан (факултативно), а во касните предполноќни часови, можност за заедничка посета на оригинилна ВЕЛИГДЕНСКА процесија во една од ретките Православни цркви во Будимпешта, црквата Св.Ѓорги во Централното подрачје.... Ноќевање
  • ЧЕТВРТИ ДЕН, недела, 01.05.2016

    Појадок. Напуштање на хотелот во 11 часот. .. Преостанатото време до заминување кон дома, посета на шопинг центрите Вест Енд и Арена, како и некое од местата по сопствен избор... Собир на групата во 17 часот на однапред договорено место и заедничко поаѓање кон дома со попатни паузи на истите пунктови.
  • ПЕТТИ ДЕН, понеделник, 02.05.2016

    Пристигнување во Македонија околу 7 часот наутро.
1Резервации
(Цената е загарантирана за уплати односно резервации од минимум 2000 ден до 1.мај 2016, потоа може да биде променета во зависност од повеќе фактори кои влијаат на истата и важи за минимум 15 патиници) При навремено резервирање во наведениот рок, остатокот до актуелната цена може да се уплати до поаѓањето.
2ЦЕНАТА ОПФАЌА
комплетен автобуски превоз на наведената релација со вклучени сите трансфери за разглед, шопинг и забава, 2 ноќевања во 2 или 3-креветна соба со појадок во хотел (***), професионална 24-часовна придружба-водство на групата и организација на патувањето
3ЦЕНАТА НЕ ГИ ОПФАЌА
наведените факултаивни форми (брод, спа-центар, национален ресторан, евентуални влезници по музеи, зоолошка градина, луна парк,...) како и меѓународното патничко осигурување (околу 200 ден, по избор на патникот)
 

ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА FACEBOOK ФАН СТРАНИЦА!!