DROPKICK MURPHYS СОФИЈА, ЗИМСКИ ДВОРЕЦ (Арена за зимски спортови во квартот Студенскиот град) 05.06.2019

ЕДНОДНЕВЕН АРАНЖМАН СО ПРЕВОЗ И ВЛЕЗНИЦА

ПРОГРАМА

Поаѓање од Скопје (паркинг кај Хотел ВИП, наспроти сајмиште)  во среда, 05.06.2019 во 8 часот наутро. Возење преку Граничниот премин  Крива Паланка – Ѓуешево кон Софија со повремени паузи по мотелите.

Пристигнување во Софија околу пладне. Паркирање во близина на салата Зимски Дворец, (во срцето на т.н. Студенски град во Софија, најразиграниот кварт од Бугарската метропола), каде што ќе се одржи настанот: концерт на светски познатиот панк бенд DROPKICK MURPHYS, во рамките на нивната Светска турнеја.

Слободно време по сопствен избор до почетокот на концертот. Во меѓувреме автобусот ќе биде отворен во неколку однапред договорени термини за потреби на групата.

Почеток на настанот во 20 часот (по локално време).

Собирање на групата по завршувањето на концертот и  заминување кон дома по истиот пат.

Пристигнување дома во раните утрински часови, четврток 06.06.2019.

Цените и условите од програмата важат при минимум од 15 патници.

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА