Програма
ПРВ ДЕН, петок, 28.06.2019
Поаѓање од Скопје во 18 ч (паркинг пред хотел ВИП, наспроти сајмиште) Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со повремени паузи по мотели.
ВТОР ДЕН, сабота, 29.06.2019
Пристигнување во Спилберг-Австрија (Red Gull Ring) околу 10 ч. Купување влезница, следење на пред настаните и квалификациите за пол-позиција
Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и заминување кон Дравоград (Словенија, 90 км од автодромот). Пристигнување во Дравоград околу 17 ч, сместување во хотел (***), слободна вечер, ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, недела, 30.06.2019
Појадок и напуштање на хотелот. Заминување за Ред Бул Ринг околу 8.30. Пристигнување околу 10 часот. Следење на преднастаните (од 11 ч) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија.
ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 01.07.2019
Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро.