FORMULA 1, HUNGARORING 2016

[Best_Wordpress_Gallery id="4" gal_title="f1madz"]

ПРОГРАМА

  • Прв ден, среда, 20.07.2016

    Поаѓање од Штип и Скопје во попладневните часови (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење со повремени паузи преку Србија кон Унгарија.
  • Втор ден, четврток, 21.07.2016

    Пристигнување во Будимпешта претпладне. Одмор од патот во Централната зона, промена на пари и сл. Во 11 ч. заминување кон Хунгароринг (22 км) за обезбедување на влезници и користење на можноста за прошетка по боксовите и евентуалните контакти со возачите. Потоа, во 16 ч враќање во Будимпешта и сместување во хотелот. Во вечерните часови разглед на знаменитостите: Стар Будим, Цитадела и Споменик на Милениумот, потоа слободна вечерна шема по централната улица Ваци. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.
  • Трет ден, петок, 22.07.2016

    Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите за тренинг и другите настани на патеката предвидени за тој ден. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 16 часот и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирано излегување до Центарот за вечерна шема. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.
  • Четврти ден, сабота, 23.07.2016

    Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите предвидени за тој ден и главниот настан – квалификациите во Ф1 за пол-позиција. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 17 часот. Можност за факултативни форми (крстарење со брод по Дунав = 15 евра или посета на прекрасен спа центар на отворено на Маргаритиниот остров над природни термални извори = 10 евра) или слободен избор за шопинг, прошетки, зоолошка градина, луна парк,... Собирање на групата околу полноќ и заминување во хотелот. Ноќевање.
  • Петти ден, недела, 24.07.2016

    Одјавување од хотелот и заминување кон Хунгароринг околу 10 часот. Следење на активностите и главната трка од 11 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17.30 и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
  • Шести ден, понеделник, 25.07.2016

    Пристигнување во МК во утринските часови.
1Гаранција за цена
(Цената е загарантирана за уплати односно резервации до 1.јули 2016, потоа може да биде променета во зависност од повеќе фактори кои влијаат на истата и важи за минимум 15 патиници)
2ЦЕНАТА ОПФАЌА
Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери до стазата Хунгароринг и низ градот, 3 ноќевања (без појадок) во хотелот ( Williams Village(***) ) кој се наоѓа во северниот дел на Пешта во чиста, мирна, рекреативна зона на самиот брег на Дунав и е извонредно лоциран и кон Хунгароринг (15км) и кон Цернтарот (7 км) (во непосредна близина на метро-станица) и организацијата на патувањето.
3ЦЕНАТА НЕ ГИ ОПФАЌА
влезицата за трките која се зема на лице место на шалтерите пред Хунгароринг и чини 90 евра викенд-пакет, (или 80 евра само за неделата) (од видот GENERAL ADMISSION) меѓународното патничко осигурување кое си го обезбедува секој патник по сопствен избор и чини 200 ден како и спомнатите и неспомнати факултативни форми.
 
ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА FACEBOOK ФАН СТРАНИЦА!!