ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН, петок, 02.08.2019
Поаѓање од Скопје во 18 ч, паркинг пред Хотел ВИП, спроти Скопски саем. Ноќно возење преку Србија, со повремени паузи по мотели.
ВТОР ДЕН, сабота, 03.08.2019
Пристигнување на патеката HUNGARORING околу 10 ч. Купување влезница, следење на пред настаните и квалификациите за пол-позиција Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и заминување кон хостелот во Будимпешта (15 км од автодромот). Сместување околу 17 ч, 3-4 креветни соби (можност за добивање на двокреветна со извесна доплата на лице место, но со претходна најава). Слободно попладне и слободна вечер за заедничко излегување до Центар. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, недела, 04.08.2019
Напуштање на хостелот. Заминување на Хунгароринг околу 9 ч. Следење на преднастаните (од 10 ч натаму) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија.
ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 05.08.2019
Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро