HUNGARORING |Hungarian GP Formula 1

Budapest, hotel Hunor(***) 3 B+B

·  Прв ден, среда, 26.07.2017

Поаѓање од Штип и Скопје во попладневните часови (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење со повремени паузи преку Србија кон Унгарија.

  • Втор ден, четврток, 27.07.2017

Пристигнување во Будимпешта претпладне. Одмор од патот во Централната зона, промена на пари и сл. Сместување во хотелот во 13 часот а во  15 ч. заминување кон Хунгароринг (15 км) за обезбедување на влезници и користење на можноста за прошетка по боксовите и евентуалните контакти со возачите. Потоа, во 18 ч враќање во Будимпешта и краток одмор во хотелот. Во вечерните слободна прошетка во областа околу хотелот атрактивна со бројните угостителски објекти и рекреативната зона покрај самит брег на Дунав. Ноќевање.

  • Трет ден, петок, 28.07.2017

Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите за тренинг и другите настани на патеката предвидени за тој ден. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 16 часот и слободно време за одмор. Во вечерните часови разглед на знаменитостите: Стар Будим, Цитадела и Споменик на Милениумот, потоа слободна вечерна шема по централната улица Ваци. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.

  • Четврти ден, сабота, 29.07.2017

Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. Следење на активностите

предвидени за тој ден и главниот настан – квалификациите во Ф1 за пол-позиција. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 17 часот. Можност за факултативни форми (крстарење со брод по Дунав = 15 евра или посета на прекрасен спа центар на отворено на Маргаритиниот остров над природни термални извори = 10 евра) или слободен избор за шопинг, прошетки, зоолошка градина, луна парк,… Собирање на групата околу полноќ и заминување во хотелот. Ноќевање.

  • Петти ден, недела, 30.07.2017

Одјавување од хотелот и заминување кон Хунгароринг околу 10 часот. Следење на активностите и главната трка од 11 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17.30 и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

  • Шести ден, понеделник, 31.07.2017

Пристигнување во МК во утринските часови

ЦЕНАТА НЕ ОПФАЌА ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕЃУНАРОДНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ!!

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА