ISTANBUL PARK GP FORMULA-1
2020 13/15-11-2020

ПРОГРАМА

Прв ден, четврток, 12.11.2020 – Поаѓање со автобус од Штип и Скопје во 20ч (Скопје, паркинг пред хотел ВИП, карши сајмиште), со сите важечки протоколи за патување во услови на Ковид-19. Ноќно транзит возење преку Бугарија (без потреба од ПЦР тест) со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, петок, 13.11.2020 – Пристигнување на автодромот ISTANBUL PARK во утринските часови. Автодромот се наоѓа на 50-на км источно од Истанбул во Азискиот дел. Обезбедување влезници на капиите и следење на тренинзите и другите активности предвидени на патеката за тој ден (Порше супер куп, Формула 2 и сл). Собирање на групата околу 16 часот и заминување кон хотелот (Хотел Skyblue ***, се наоѓа во живописната  туристичка населба Тузла на самиот брег на Мраморното море, околу 15 км јужно од стазата). Чекирање во хотелот, краток одмор од патот и дневните активности. Слободна вечер за индивидуални или групни прошетки по договор на лице место во околината на хотелот или до Истанбул. (Во непосредна близина на хотелот се наоѓа Метро станица поврзана со секоја точка од Истанбул и околината). НОЌЕВАЊЕ(1).

Трет ден, сабота, 14.11.2020 – Собирање на групата на паркингот пред хотелот и заминување на Автодромот околу 9 ч. Следење на активностите предвидени за тој ден на патеката, вклучително квалификациите за пол-позиции до 16 часот. Враќање во хотелот околу 17 ча и кратрок попладневен одмор. Слободна вечер за индивидуални или групни активности. НОЌЕВАЊЕ(2).

Четврти ден, недела, 15.11.2020 – Одјава и напуштање на хотелот околу 8 часот и заминување на Автодромот. Следењена активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Бугарија со повремени паузи по мотелите. Ноќно возење преку Бугарија со повремени паузи по мотелите.

Петти ден, понеделник, 16.11.2020 – Пристигнување во МК во раните утрински  часови.

Цените и условите од програмата важат при минимум од 15 патници.

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА