Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија кон Италија со повремени паузи по мотелите.
Пристигнување во градчето Масанцаго (областа Венето, на пола пат помеѓу Венеција и Падова) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор од патот. Во попладневните часови (факултативно) заминување во 4 часовна посета на Венеција (со локален автобуски превоз со цена на повратен билет од 4 евра) Враќање во хотелот околу 19 часот и краток одмор. Заеднички вечерен излез и прошетка низ центарот на Падова (20км од хотелот). Враќање во хотелот околу 23 ч, … Ноќевање.
Будење рано и заминување кон Монца во 7 ч наутро. Пристигнување во Монца околу 10 ч, обезбедување влезници по сопствен избор на благајната пред автодромот („Џенерал адмишн“ е околу 80 евра). · Слободно до 17 ч. Собирање на групата во 17.30 и заминување кон хотелот со попатно кратко задржување и разглед во Верона. Пристигнување во хотелот во 22.30ч. … Ноќевање.
Одјава и напуштање на хотелот околу 10 часот и заминување. Попатно 2 часа посета на OUT-LET шопинг-зоната Палма Нова и 3 часа посета на пограничниот град Трст, надалеку познат по својата долгогодишна шопинг-традиција. Собирање на групата околу 16 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со повремени паузи по мотелите.
Пристигнување во МК во раните утрински часови.
Целокупниот автобуски превоз на наведената релација во програмата. 2 ноќевања (без појадок) во наведениот хотел (***) во местото Масанцаго на 20км од Падова и од Венеција. Организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство.