Italian GP Formula 1 – MONZA 2016

 
[Best_Wordpress_Gallery id="9" gal_title="monza"]
 

ПРОГРАМА

  • Прв ден, петок, 02.09.2016

    Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија кон Италија со повремени паузи по мотелите.
  • Втор ден, сабота, 03.09.2016

    Пристигнување во градчето Масанцаго (областа Венето, на пола пат помеѓу Венеција и Падова) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор од патот. Во попладневните часови (факултативно) заминување во 4 часовна посета на Венеција (со локален автобуски превоз со цена на повратен билет од 4 евра) Враќање во хотелот околу 19 часот и краток одмор. Заеднички вечерен излез и прошетка низ центарот на Падова (20км од хотелот). Враќање во хотелот околу 23 ч, ... Ноќевање.
  • Трет ден, недела, 04.09.2016

    Будење рано и заминување кон Монца во 7 ч наутро. Пристигнување во Монца околу 10 ч, обезбедување влезници по сопствен избор на благајната пред автодромот („Џенерал адмишн“ е околу 80 евра). Слободно до 17 ч. Собирање на групата во 17.30 и заминување кон хотелот со попатно кратко задржување и разглед во Верона. Пристигнување во хотелот во 22.30ч. ... Ноќевање.
  • Четврти ден, понеделник, 05.09.2016

    Одјава и напуштање на хотелот околу 10 часот и заминување. Попатно 2 часа посета на OUT-LET шопинг-зоната Палма Нова и 3 часа посета на пограничниот град Трст, надалеку познат по својата долгогодишна шопинг-традиција. Собирање на групата околу 16 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со повремени паузи по мотелите.
  • Петти ден, вторник, 06.09.2016

    Пристигнување во МК во раните утрински часови.
1ЦЕНАТА ОПФАЌА
Целокупниот автобуски превоз на наведената релација во програмата. 2 ноќевања (без појадок) во наведениот хотел (***) во местото Масанцаго на 20км од Падова и од Венеција. Организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство.
2ЦЕНАТА НЕ ГИ ОПФАЌА
Влезницата за трката која се добива на лице место на шалтерите пред Автодромот и чини 80 евра (категорија General Admission) па нагоре, по сопствен избор. Меѓународното патничко осигурување кое си го обезбедува секој патник по сопствен избор и чини 200 ден. Факултативните активности наведени и ненаведени во програмата