MotoGP, BRNO 2016

[Best_Wordpress_Gallery id="5" gal_title="motogp"]
  • Прв ден, четврток, 18.08.2016

    Поаѓање од Штип и Скопје напладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка кон Брно (Чешка) со повремени паузи по мотелите.
  • Втор ден, петок, 19.08.2016

    Пристигнување во Блучина (8км пред Брно) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот (уште 20 км) до Стазата Brno Circuit претпладне. Следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка по боксовите до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и краток одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно. Враќање во хотелот околу полноќ, ... ноќевање.
  • Трет ден, сабота, 20.08.2016

    Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Брно). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во хотелот околу 17 ча и кратрок попладневен одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно. Враќање во хотелот околу полноќ, ... ноќевање.
  • Четврти ден, недела, 21.08.2016

    Одјава и напуштање на хотелот околу 10 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со повремени паузи по мотелите. паузи преку Србија.
  • Петти ден, понеделник, 22.08.2016

    Пристигнување во МК во пладневните часови.
1ЦЕНАТА ОПФАЌА
Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери од хотелот до Автодромот Brno Circuit како и до Центарот и знаменитите места на Брно. 2 ноќевања (без појадок) во прекрасниот пансион Vinařství Hanuš (***) кој се наоѓа во склоп на истоимениот вински подрум со повеќевековна традиција во градчето Блучина на 7 км пред приодот на Брно и 17 км од Автодромот, прекрасно мало градче со повеќевековна традиција во производство и на пиво (брендот XAVER) и на вино ... организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство
2ЦЕНАТА НЕ ГИ ОПФАЌА
влезицата за трките која се добива на лице место на шалтерите пред Автодромот и чини 60 евра само за неделата или 70 евра викенд-пакет, категорија General Admission меѓународното патничко осигурување кое си го обезбедува секој патник по сопствен избор и чини 200 ден како и (Цената е загарантирана за уплати односно резервации од минимум 2000 ден до 1.јуни 2016, потоа може да биде променета во зависност од повеќе фактори кои влијаат на истата и важи за минимум 15 патиници) (При навремено резервирање во наведениот рок, остатокот до актуелната цена може да се уплати до поаѓањето.)
 
ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА FACEBOOK ФАН СТРАНИЦА!!!