Поаѓање од Штип и Скопје попладне (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка кон Брно (Чешка) со повремени паузи по мотелите.
Пристигнување во Блучина (8км пред Брно) во утринските часови. Чекирање во хотелот, краток одмор и продолжување на патот (уште 20 км) до Стазата Brno Circuit претпладне. Следење на активностите (тренинг сесија) и можност за прошетка по боксовите до попладневните часови. Враќање во хотелот околу 17 часот и краток одмор. Крато одмор па заднички вечерен излез до шопинг зоната на Брно (неколку огромни и извонредно снабдени молови). Враќање во хотелот пред полноќ, … ноќевање.
Заминување на Автодромот околу 10 ч (попатно, по сопствена желба некој може да остане во Брно). Следење на активностите на патеката до 16 часот, враќање во хотелот околу 17 ча и кратрок попладневен одмор. Заднички вечерен излез по сопствен избор или на патеката (каде што е концентрирана извонредна ноќна забава од сите видови) или во Центарот на Брно (Масарикова улица, прекрасна пешачка зона, извонредна културно историски и модерни знаменитости…) . Враќање во хотелот околу полноќ, … ноќевање.
Одјава и напуштање на хотелот околу 8 часот и заминување на Автодромот. Следење на активностите пред Главната трка и Главната трка до 17 ч, собирање на групата на однапред закажано место и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со повремени паузи по мотелите.
Пристигнување во МК во претпладневните часови.
Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери од хотелот до Автодромот Brno Circuit како и до Центарот и знаменитите места на Брно. 2 ноќевања (без појадок) во прекрасниот пансион Vinařství Hanuš (**) кој се наоѓа во склоп на истоимениот вински подрум со повеќевековна традиција во градчето Блучина на 7 км пред приодот на Брно и 17 км од Автодромот, прекрасно мало градче со повеќевековна традиција во производство и на пиво (брендот XAVER) и на вино ... организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство