RED HOT CHILI PEPPERS Atina, 05.06.2020, EJECT FESTIVAL 2020

ПРОГРАМА

Поаѓање од Скопје (паркинг кај хотел ВИП, спроти саем) и Штип (Нова пошта) во четврток 04.06.2020 во 20 часот навечер.

Ноќно возење преку Граничниот премин Гевгелија-Евзони кон Атина со повремени паузи по мотелите.

Пристигнување во Атина во петок 05.06.2020 во утринските часови.

Паркирање во непосредна близина на местото на настанот (Маркопуло парк), кое се наоѓа надвор од градското подрачје на Атина, но во непосредна близина на метро-станица која со директна линија е повразна со Центарот на Атина.

Слободни 7-8 часа по сопствен избор низ Атина (Омонија, Синтагма, Плака, Акрополис) за слoбодна туристичка прошетка.

Пред почетокот на концертот автобусот ќе биде отворен за потребите на групата (оставање на багаж, преоблекување и сл.).
Почеток на концертот во 20 часот (по локално време).

Собирање на групата по завршувањето на концертот некаде пред полноќ и заминување кон дома по истиот пат.

Пристигнување дома во сабота 06.06.2020 во претпладневните часови.

Цените и условите од оваа програма важат при минимум од 15 патници.

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА