Поаѓање од Штип (18ч) и од Скопје (20ч). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Слободна прошетка по Центарот (Ваци улица), одмор од патот, промена на пари (1 евра~ 300 форинти) … Сместување во хотелот во 12 ч и слободно време за одмор до 18ч. Собирање на групата и заминување на концертот на стадионот Groupama Arena. Враќање во хотелот по концертот. Ноќевање
Појадок и напуштање на хотелот околу 10 ч. Разглед на знаменитостите Стар Будим, Цитадела, Плоштад на Хероите (Споменик на Милениумот со Градскиот парк) до 13 часот. Потоа слободно време со можност за посета на некој од Шопинг-центрите (West-end, Arena,…). Собирање на групата во 17 ч и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови
Автобуски превоз, влезница (партер-стоење) и 1 ноќевање со појадок во хотел ХУНОР(***) во Будимпешта, организација на патувањето.