· Прв ден, четврток 14.09.2017
Поаѓање од Штип (18.30ч) и од Скопје (20ч). Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со повремени паузи по мотелите
· Втор ден, петок 15.09.2017
Пристигнување во Дравоград-Словенија околу 10 ч. (градот се наоѓа на самата граница со Австрија, 90 км од Спилберг, сметување во хотел (***), одмор од патот.
ОСТАНУВАЊЕ во Дравоград со можност за обиколка на регионот во попладневните часови (БЕСПЛАТНО) … посета на градчето Равне на Корошки, прекрасен спа-центар на отворено и градчето Словенградец. Слободна вечер за вечерен излез по свој избор, Ноќевање
· Трет ден, сабота 16.09.2017
Појадок и напуштање на хотелот околу 9 ч. Заминување за Спилберг и паркирање во близина на местото на настанот (спортски аеродром во блеизина на автодромот ред Бул Ринг каде што сме традиционално присутни на секоја трка во Формула 1 секоја година во јули) и слободно време за разглед на знаменитостите и слободна прошетка по околината и градот Целтвег. Во вечерните часови следење на концертот на Ролинг Стоунс, а по неговото завршување, собирање на групата на паркингот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со повремени паузи по мотелите.
· Четврти ден, недела 17.09.2017
Пристигнување во Македонија во попладневните часови
ЦЕНАТА ОПФАЌА: Автобуски превоз со сите трансфери опфатени во програмата, влезница (партер-стоење) и 1 ноќевање со појадок во хотел Дравоград(***) во Дравоград (Словенија, на 1 км до Австриската граница, 1 час возење до Спилберг... и организација на патувањето со 24 часовна пофесионална придружба.