SLAYER THE FINAL SHOW IN BULGARIA SOFIA, 11.07.2019

ЕДНОДНЕВЕН АРАНЖМАН СО ПРЕВОЗ И ВЛЕЗНИЦА

 

ПРОГРАМА

Поаѓање од Скопје (паркинг кај Хотел ВИП, наспроти сајмиште)  и Штип (Нова пошта) во четврток, 11.07.2018 во 8 часот наутро.

Возење преку Граничниот премин  Крива Паланка – Ѓуешево кон Софија со повремени паузи по мотелите.

Пристигнување во Софија околу пладне.

Паркирање во близина на местото на настанот (специјално адаптиран простор во паркот покрај Софискиот аеродром), каде што ќе се одржи  концертот на светски познатиот хеви-метал бенд SLAYER, во рамките на нивната Светска турнеја.

Слободно време по сопствен избор до почетокот на концертот.

Во меѓувреме автобусот ќе биде отворен во неколку однапред договорени термини за потреби на групата.

Почеток на настанот во 20 часот (по локално време)

Собирање на групата по завршувањето на концертот и  заминување кон дома по истиот пат.

Пристигнување дома во раните утрински часови, петок 12.07.2019