SZIGET 2017 2/3 | Budapest, 10/14-08.2017

  • ПРВ ДЕН, четврток, 10.08.2017

Поаѓање од Македонија попладне (Штип 18ч, Скопје 19ч) Ноќно возење преку Србија со неколку паузи по мотелите)

  • ВТОР ДЕН, петок, 11.08.2017

Пристигнувае во Будимпешта околу 10 часот. Слободна прошетка по Центарот (промена на пари, одмор од патот,…). Сместување во хотелот во 13 ч. Одмор од патот до 17ч. Од 17 до 21 ч разглед на знаменитостите на Будимпешта: Стар Будим, Цитадела, Споменик на Милениумот. Слободна вечер со можност за избор помеѓу вечерна шема низ Центарот на градот ИЛИ посета на МИНУС-ПРВАТА фестивалска вечер на Сигет (во моментот на составувањето на програмата сеуште не се познати тајминзите и настапувачите на ниедна од бините ниту по денови). Враќање во хотелот околу полноќ (од центарот) односно околу 1.30 од Сигет,… НОЌЕВАЊЕ

  • ТРЕТ ДЕН, сабота, 12.08.2017

Појадок. … Слободен ден со можност за избор на некоја од многубројните содржини што ги овозможува Будимпешта. Наша препорака (факултативно): СПА ЦЕНТАР на отворено на самиот извор на термални води на Маргаритиниот остров (10 евра), возење со брод по Дунав (15 евра), Зоолошка градина (5 евра), Луна парк (…) или просто уживање во Градскиот парк (Varos Liget) или Маргаритиниот оствов (Margit Sziget) Слободна вечер со можност за избор помеѓу вечерна шема низ Центарот на градот или посета на следната (НУЛТАТА) фестивалска вечер на Сигет. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање..

  • ЧЕТВРТИ ДЕН, недела, 13.08.2017

Појадок и напуштање на хотелот. СОПСТВЕН ИЗБОР за помин на денот во Будимпешта со можност за шопинг во некој од бројните молови или за релаксација по некои од спомнатите места од претходниот ден. Во 17 ч собирање на групата и трансфер до Капијата на СИГЕТ Фестивалот со можност зa следење на ПРВАТА фестивалска вечер. Еден час ПО ПОЛНОЌ, собирање на групата кај автобусот и поаѓање кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

  • ПЕТТИ ДЕН, понеделник, 14.08.2017

Пристигнување во Македонија попладне

Цените и условите од програмата важат при минимум од 15 патници

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА

НАШАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА