КОИ СМЕ НИЕ

Здружението Еуротурс-спектакли од Штип (ЕМБ 6686575, Централен регистар на РМ), претставува логично продолжение на Туристичката агеција Еуротурс – Штип која како една од првите приватни туристички агенции во РМ е основана на 16.јуни 1989 од страна на нејзиниот сопственик и основач Александар Тренчев, професор по математика во Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

ИСТОРИЈАТ


Во своето долгогодишно постоење, освен со вообичаените проекти кои се својствени за секоја туристичка агенција, агенцијата Еуротурс секогашсе залагаше за изнаоѓање алтернативни и оригинални понуди и како таква своевремено возникна во единствена агенција во РМ која нудеше програми поврзани со некои урбани спектакли во нашето поблиско и подалечно окружуѕвање, како големи концерти, фестивцали, трки во формула 1 и слично. Почнувајки од раните 90-ти па се до некаде 2002-2003, со посредство на Еуротурс беше овозможено присуство на илјадници фанови од РМ на врвни фестивали ( Reading festival во Англија, Sziget festival во Унгарија,...), концерти на врвни светски имиња (Rolling Stones, Metallica, U2, Pink Floyd, Tina Turner, Sting, Depeche Mode,....), како и трките во Formula 1 секое лето во Будимпешта.
Во периодот 2002-2009, поради наметнатите визни ограничувања, Еуротурс престана со организирање на вакви патувања, но со визната либерализација од 2010 се реактвира во истоимено здрузение со основна цел популаризација на слични проекти, следење на урбани спектакли во нашето окружување и организирање на патувања доколку се процени соодветна заинтереасираност за истите со избор на соодветна агенција која поседува соодветни лиценци за реализација на предвидениот аранжман.

НАЈИСКРЕНО СЕ ПРЕПОРАЧУВАМЕ

Нашата 25-годишна традиција и искуство, стотиците успешни аранжмани без ниедна црна дамка и илјадниците задоволни клиенти ширум РМ со кои сме во постојан контакт се наша гаранција за квалитет на нашата понуда.